Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

Граѓаните активно се вклучија во креирањето на буџетот на Крива Паланка за 2027 година

Со активно учество на граѓаните, конкретни предлози и идеи, во Општина Крива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со активно учество на граѓаните, конкретни предлози и идеи, во Општина Крива Паланка денеска се одржа буџетски форум за креирање на општинскиот буџет за 2027 година.

Форумот овозможи непосредно вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на локално ниво, преку отворена и конструктивна дискусија за буџетските приоритети и програмските планирања за следната година.

Во рамки на форумот, стручните служби на Општината ја презентираа реализацијата на буџетот и буџетските приоритети за 2026 година, заклучно со 30 септември, како и проекцијата на буџетот за 2027 година. Присутните ги изнесоа своите размислувања, потреби и конкретни предлози, кои оперативната група ги групираше и ќе ги анализира како основа за понатамошно разгледување во процесот на буџетско планирање.

Реклама

Како што информираат од општинската служба за комуникација со јавноста, форумот има и родова компонента, со цел при планирањето на јавните средства да се земат предвид различните потреби и приоритети на жените и мажите, девојчињата и момчињата.

За пошироко вклучување на граѓаните, Општината обезбеди дополнителни можности за учество преку онлајн анкета и отворени денови за доставување идеи и предлози. На овој начин, сите заинтересирани можат да придонесат во креирањето на буџетот за 2027 година, независно од тоа дали присуствувале на форумот.

Градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски упати благодарност до присутните граѓани за нивното учество и проактивност, како и до модераторот Лидија Митовска, оперативниот тим на Општината и раководителите на секторите и одделенијата за нивниот ангажман и придонес во реализацијата на форумскиот процес.

– Со ваквиот пристап, Општина Крива Паланка ја потврдува определбата за транспарентно, отчетно и инклузивно управување, во кое граѓаните не се само корисници на јавните услуги, туку активни учесници во креирањето на локалните политики и донесувањето на одлуките што го определуваат идниот развој на заедницата – велат од општината.