Без струја во текот на утрешниот ден ќе бидат делови од општините Кисела Вода, Петровец, Сопиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје повикувајќи се на информации од „ЕВН Македонија“ АД.
Според најавите, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Петровец – спроти село Ржаничино, од 8 до 15 часот, во општина Петровец.
Без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Христо Татарчев 1, Христо Татарчев 3, Христо Татарчев 5, Христо Татарчев 7, Христо Татарчев 11, од 9 до 13 часот, во општина Кисела Вода.
Од 9 до 12 пак, корисниците од место викано „Под Брег“ во Горно Соње, општина Сопиште.

