Тим средношколци од Државното средно училиште „Коле Неделковски“ од Велес со бизнис-идејата NextCare повторно учествува на натпреварот „Средношколец милионер“, во организација на Brainster.
NextCare е идеја за услуга за грижа и поддршка на стари лица кои сакаат да продолжат да живеат во своите домови, наместо да бидат сместени во старечки домови. Концептот предвидува редовни посети од обучени негуватели, кои ќе им помагаат во секојдневните потреби, ќе им носат храна и лекови и ќе ја следат нивната состојба.
Дел од услугата е и паметен часовник со копче за итна помош, преку кој во случај на потреба ќе се испраќа известување и ќе се повикува помош. Преку дигитална платформа, децата и најблиските на корисниците, независно дали живеат во Македонија или во странство, ќе можат секојдневно да добиваат информации за состојбата и безбедноста на своите родители.
Тимот го сочинуваат Стефан Поповски, Ангела Здравковска, Ивана Милошева, Марија Михајлова, Лука Панов и Димитри Кочов.
Минатата година тие го освоија четвртото место на натпреварот, а годинава повторно се пријавуваат со желба да постигнат подобар резултат и да ја реализираат својата бизнис-идеја.
Како што информираат за поддршка на нивниот проект е потребно и учество на граѓаните преку гласање.
Од тимот упатуваат повик до граѓаните да гласаат за NextCare и да ја споделат информацијата со своите пријатели, со цел повторно да обезбедат пласман во финалето и да се приближат до остварување на идејата во практика.
Гласањето е достапно на следниот линк: https://milioner.mk/vote/5f0794a5-2c55-4ddb-ba6a-82b31e017165

