Поради уличен дефект, со прекинато водоснабдување во текот на утрешниот ден ќе бидат корисниците од Батинци и Љубош.
Како што информираат денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 5 часот наутро, па сѐ до завршување со санација на дефектот.

