Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Прилози

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Ласото му е во рака но кравите и натаму шетаат, градоначалникот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ласото му е во рака но кравите и натаму шетаат, градоначалникот на Крива Паланка бега од одговорноста. Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ,бара од градоначалникот Сашко Митовски да престана да прави театар и да го реши проблемот. Првиот човек на Вмро – Дпмне во Крива Планака , Емил Спасовски со остри критики кон таткот на општината. Му порача наместо да држи прес-конференции и да бара виновници таму каде што ги нема , конечно да се фати за работа и да се справи со бизарната ситуација, за која приказната одамна излезе од границите на Македонија, затоа што тој веќе ги има потребните овластувања.

„Согласно законот за локална самоуправа и законот за јавна чистота, општината и градоначалникот имаат обврска и надлежност врз целокупниот крупен добиток, кој ќе застане на јавните површини. Односно на сите улици, паркови, плоштади. Има обврска да ги отстрани од јавните површини. Да собере во соодветен простор и да ја повика агенцијата за храна и ветеринарство, да ги евидентираат, одземат и да ги предадат на агенцијата за одземен имот“, изјави Емил Спасовски, пратеник и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка

На советниците од ВМРО-ДПМНЕ веќе им е преку глава од неснаоѓањето на градоначалникот Митовски и побрааа утре да се одржи вонредна седница на советот на која ќе претстават готово решение, односо акциски план за решавање на проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ градот и околината

Реклама

Општината претходно испрати и писмо до сите амбасади во Македонија, како и до меѓународни  организации и здруженија на нејзината територија, со цел да побараат помош за решавање на проблемот. Пред два дена градоначалникот Мотовски бараше  законски овластувања од владатаа, по што ќе го решел проблемот за 10 дена. Но какви законски овластувања ми се потребни, не образложи. Претходно бараше и прогласување на 30-дневна кризна состојба на територијата на општината, што беше одбиено од страна на владата.