Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Прилози

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Ива Михаилова плукаше по Македонија и по Македонците и обвинуваше за притисоци,…

Сподели:

Ива Михаилова плукаше по Македонија и по Македонците и обвинуваше за притисоци, но во Бугарија ја снајде многу поголемо гајле. Сега таа стравува за својот живот и за животот на нејзините родители. 

„Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“. Ваква порака му испратила бегалката Ива Михаилова на бугарскиот јуттубер Станислав Цанов, откако тој пред два дена објави аудиоснимка со неа, во која таа признава дека е под силен притисок од бугарските тајни служби. Уште позастрашувачки е телефонскиот разговор со жена која Цанов ја претставува како мајката на Ива. Таа во телефонскиот разговор, бара од Цанов да ја избрише снимката во која ќерка и тврдеше дека има притисоци од службите на Бугарија и инструкции кај кој новинар и медиум да гостува и што да каже.

Христина Михаилова вели, „Тоа ни е единствениот услов и додава дека во спротивно „ќе не исчистат“. Јуттуберот вели дека е подготвен да ги даде на проверка снимките за кои тврди дека се автентични. Во 20 минутното видео кое тој го објави, ги прикажува сите аудио и видео записи со Михаилова.

Реклама

„ Услов ние  да не ги споменуваме службите. Инаку ќе не исчистат“, вели Михаилова.

Претходно, Цанов објави снимка од разговор со Михаилова во која таа зборуваше за уцени и наредби од Државна агенција за национална безбедност, поврзани со нејзиното медиумско појавување, како условите за добивање помош за лекување и правна поддршка. Во видеото Михаилова тврди дека од неа било побарано прво да даде интервју кај новинарот Мартин Карбовски, а доколку се ос,мели да гостува на друго место, ќе биде оставена сама на себе, без поддршката за лекување и адвокати.

„Рехабилитацијата што ми предстои е специјализирана и супер скапа. Државата вети дека ќе ја покрие, но изјавија дека целосно ќе се повлечат и нема повеќе да помагаат ако не ги послушам. Можат да ми саботираат сѐ, вклучително и адвокатската заштита“, вели Михаилова.

Ива Михаилова ја стави својата судбина целосно во рацете на службите во Бугарија во моментот кога одлучи илегално да ја премине границата  и да замине за Софија, барајќи заштита бидејќи тука била под прогон поради тоа што била Бугарка. Прво тврдеше дека не е виновна за сообраќајката во која загина 33 годишен маж и дека не треба кривично да одговара. Иако таа според макеоднското законодавство се соочува со казна затвор, бараше македонските власти да ја пуштат да оди на лекување во Бугарија бидејќи тука немало соодветни лекари. Откако судот во Кочани не и дозволи, почна да обвинува дека не и дозволено да оди на лекување само поради тоа што е Бугарка.  Нејзиното бегство во Софија беше проследено со големи медиумски и политички реакции. Таа беше пречекана како ријалити звезда и иако тврдеше дека е сериозно болна, првиот чекор на бугарска територија, уште првиот ден, и беше гостувањето на државната телевизија.