Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Македонија

Литературен портрет на поетесата Мира Георгиевска одржан во Делчево

Во Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево се одржа литературен портрет посветен на поетесата и авторка Мира Георгиевска, настан на кој беше претставено нејзиното книжевно творештво и нејзиниот долгогодишен творечки пат.

На средбата присутните имаа можност одблиску да се запознаат со инспирацијата, делата и книжевниот израз на Георгиевска, зад чиј авторски опус стојат бројни домашни и меѓународни награди и признанија. За нејзиното творештво говореше промоторката Оливера Станковска.

Мира Георгиевска е родена во 1965 година во Крива Паланка. Љубовта кон пишувањето и рецитирањето ја покажува уште од рана возраст, а високото образование го завршува во Скопје, на Интердисциплинарните студии по новинарство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Долги години работи како новинар, уредник и водител во Радио Крива Паланка.

Реклама

Во нејзиниот книжевен опус се издвојуваат стихозбирката „Лисица“, збирката раскази „Тантелина“, поддржана од Министерството за култура и туризам, како и најновото дело „Кривопаланечки есеи“, објавено во 2026 година, во издание на „Марифет“.

Покрај книжевното творештво, Георгиевска активно учествува на научни и културни конференции посветени на локалната историја и традиција, а се јавува и како промотор и модератор на бројни литературни манифестации.

На настанот присуствуваше и директорот на Центарот за култура – Делчево, Златко Начовски, а од установата посочуваат дека ваквите книжевни средби се значајни за размена на идеи, афирмација на литературните вредности и поттикнување на интересот за пишаниот збор, особено кај младите.

Литературниот портрет е дел од манифестацијата „Вапцарови бранувања“, која Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево ја реализира повеќе години по ред, со цел да го промовира книжевното творештво и да го збогати културниот живот во градот.