Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Македонија

На битолскиот Универзитет промовирани студентскиот магазин УКЛО КОЛОРС и списанието Калеидоскоп

– Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, член на европската универзитетска Алијанса КОЛОРС,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола, член на европската универзитетска Алијанса КОЛОРС, промовира нов број од студентскиот билингвален магазин УКЛО КОЛОРС, издание што го подготвуваат менторирани студенти, како и списанието Калеидоскоп, публикувано на десет европски јазици.

Универзитетскиот професор д-р Рената Петревска – Нечковска, раковотел на Хабот за тројна транзиција: социоекономска, зелена и дигитална при УКЛО, истакна дека во студентскиот магазин партиципираат студенти со различен профил.

-Во студентскиот магазин УКЛО КОЛОРС вклучени се менторирани студенти со стручни професори. Третиот број е на 65 страници, а студентите партиципираат како креатори на написи, преведувачи, лектори и графички дизајн. За академскиот аудиториумо го промовираме и списанието Калеидоскоп, кој е на десет европски јазици, вклучувајќи го и Македонскиот јазик – нагласи Петревска – Нечковска.

Реклама

Во рамки на европската универзитетска Алијанса КОЛОРС, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ се вклучи и во манифестацијата „Недела на виртуелно патување“ се одржува под мотото „Обединети во различноста“ и се одвива во текот на целиот месец ноември.