Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци го обновува и модернизира возниот парк со ново товарно возило – кипер со носивост од 3,5 тони, наменето за потребите на претпријатието.
Набавката е реализирана со поддршка од Министерството за локална самоуправа и кофинансирање од Општина Кавадарци, информираше градоначалникот Митко Јанчев.
Според Јанчев, новото возило ќе овозможи побрзо и поефикасно извршување на секојдневните теренски активности, полесен транспорт на материјали и подобрување на квалитетот на комуналните услуги.
– Со континуираното вложување во современа опрема и механизација, создаваме подобри услови за работа на комуналните служби и поквалитетни услуги за граѓаните. Инвестираме во опрема, ја зголемуваме ефикасноста и градиме почисто, поуредено и пофункционално Кавадарци – истакна Јанчев.
Од Општина Кавадарци посочуваат дека модернизацијата на механизацијата на ЈП „Комуналец“ е дел од активностите за подобрување на оперативната ефикасност на претпријатието и унапредување на комуналните услуги за граѓаните.

Градоначалникот нагласи дека новото возило ќе придонесе за побрзо и поефикасно извршување на секојдневните теренски активности, полесен транспорт на материјали и подобрување на комуналните услуги.
– Со континуираното вложување во современа опрема и механизација, создаваме подобри услови за работа на комуналните служби и поквалитетни услуги за граѓаните. Инвестираме во опрема, ја зголемуваме ефикасноста и градиме почисто, поуредено и пофункционално Кавадарци – додаде Јанчев.

