Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Прилози

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

-Се прогласува Уставот на Република Македонија, што го усвои Собранието на Република…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Се прогласува Уставот на Република Македонија, што го усвои Собранието на Република Македонија, на седницата одржана на 17-ти ноември 1991-ва година, кажа на 17-ти ноември 1991-ва година првиот собраниски спикер Стојан Андов.

35 години по донесувањето на македонскиот Устав, кој веќе осум пати беше менуван, највисокиот правен акт во државата сега пак е под силен притисок за нова присилна промена, по терк и мерак на соседна Бугарија. Текстот кој на 17-ти ноември 1991-вата година беше изгласан со 93 гласа ЗА, се муваше за промена на знамето, откажување од малцинствата, вметнување на одредбите од Охридскиот рамковен договор, па се и до последната болна промена во 2019-та година. Тогаш Собранието со низа притисоци изгласа промена на уставното име на државата од Република Македонија во Република Северна Македонија.

Според познавачите државава веќе треба да ја има научено лекцијата и да не пристапува кон промени под притисок, туку ако веќе истите ги има тие да допринесат за поголема функционалност на целото општество.

Реклама

-Треба да ги видиме сите други аспекти, кој што значат пак интерес на македонскиот народ. Македонија е држава на сите граѓани нејзини, на Македонци, на Албанци, на Турци итн. Но е единствена држава која што може да биде матична држава на македонскиот народ. Да имаме еден пакет од неколку работи, кои што нас ни требаат, нас ни треба помало Собрание, нас ни треба начин како Собранието да не е зависно само од себе, туку и да одговара пред некој друг, изјави Илија Димовски за Алфа.

Историјатот на досегашните уставните измени покажува дека тие секогаш се поради притисоци од надвор. Според Илија Димовски државава сега е доведена во апсурдна ситуација, во која што сите знаат дека и по менување на Уставот, сепак ќе ни следуваат и 10-тици други барања после тоа. Смета дека не е време слепо да веруваме, како што тоа сме правеле во минатото, сега мора да бараме и да имаме комплетирана и видлива патека што ни следува понатаму.

-Притисокот од странските фактори секогаш е клучен за промена на Уставот, за жал наместо потребата на општеството, потребата на институциите, потребата на функционалноста, на Собранието, на Владата, на другите институции. Така да треба да ја научиме лекцијата, таа што сме ја повториле повеќе пати во историјата, да не ја повторуваме во иднина, изјави поранешниот пратеник Илија Димовски.

Работниот текст на македонскиот Устав го пишуваа професорите Владо Поповски, Љубомир Фрчкоски и Лазе Китановски. Тој гарантира дека општестествено- економскиот и политичкиот систем во државата се засноваат на принципот на владеење на правото, човековите слободи и права, поделбата на власта, пазарната економија и другите темелни вредности на современото демократско општество.

Матеја Петровски