Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Прилози

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

Нов ден, нова приказна . Кравите од Крива Палнка  стигнаа и до…

Сподели:
Screenshot

Нов ден, нова приказна . Кравите од Крива Палнка  стигнаа и до НАТО. Градоначалникот, Сашко Митовски кој прво бараше да се прогласи кризна состојба, а потоа најави дека ќе го решел проблемот за 10 дена, сега се пожалил и кај странските амабасадри во земјава преку писмо во кое бара меѓународна помош за градот во кој по улиците шета добиток.

„Денес, со официјален допис повторно им се обраќаме на сите амбасадори во земјава, како и на сите конзулати и меѓународни организации. Од амбасадорите барам лично да го покренат ова прашање пред владата и да побараат јасен одговор на овие две прашања. Кога АХВ ќе ги спроведе решенијата за одземање на добитокот и што конкретно ќе преземе Владата за трајно да ги заштити луѓето и нивниот имот?“, изјави Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка

Од општината велат дека доколку добијат позитивен одговор, тоа може да придонесе за воспоставување директен работен дијалог меѓу Владата, надлежните агенции и Општината, со цел да се договорат конкретни мерки, да се утврди кој е одговорен за нивното спроведување и да се одредат рокови за постапување на терен. Но не само ова, градоначалникот исто така ги покани амбасадорите да ја посетат Крива Паланка.

Реклама

„Ги поканувам лично амбасадорите да дојдат во Крива Паланка да седнат со земјоделците лично да се уверат што значи за нив и за семејствата преку ноќ да го изгубат трудот од целата година. Затоа сакам да порачам уште еднаш ако во следниве неколку денови, немаме конкретно постапување на терен, заедно со граѓаните ќе преземеме нови активности“

Градоначалникот претходно побара да му бидат дадени сите потребни законски надлежности и овластувања, тврдејќи дека проблемот ќе биде решен за 10 работни дена, дека ќе изработи оперативен план и протокол за справување со ситуацијата. Една недела претходно тој побара војската и полицијата да дојдат да интервенираат за да го решат долгогодишиот проблем во градот во кој е тој актуелен градоначалник.