Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Македонија

Енергетската ефикасност и обновливите извори во фокусот на Форумот за зелен туризам

Речиси осум од десет анкетирани туристички субјекти во Скопскиот плански регион ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси осум од десет анкетирани туристички субјекти во Скопскиот плански регион ги сметаат трошоците за енергија за значаен товар за работењето, а можностите за намалување на овие трошоци преку енергетска ефикасност и користење обновливи извори на енергија ќе бидат тема на Националниот форум за зелен туризам што утре ќе се одржи во Скопје.

Форумот, во организација на Центарот за одржлив развој АЛКА и Фондацијата Албиз, ќе се одржи во Europe House, а на него ќе бидат презентирани наодите од анализата спроведена во рамки на проектот „Energy Wise – Зајакнување на руралниот туризам преку обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“.

Според анализата, која опфатила 33 туристички субјекти во Скопскиот плански регион, 78,8 проценти од испитаниците изјавиле дека енергетските трошоци претставуваат значаен финансиски товар, 54,5 проценти сè уште не користат обновливи извори на енергија, додека 81,8 проценти покажале интерес за мерки за енергетска ефикасност и користење обновливи извори.

Реклама

Во фокусот на форумот ќе бидат можностите за намалување на трошоците за енергија кај малите туристички и семејни бизниси во руралните средини, како и институционалната поддршка потребна за воведување на вакви решенија.

На настанот ќе бидат претставени анализата, искуствата од практичните обуки, тријазичен прирачник за зелен туризам и повелбата „Eco-Steward“ за давателите на туристички услуги.

Во рамки на форумот ќе се одржи и панел-дискусија на која ќе учествуваат експерти од областа на енергетската ефикасност, истражувачи и претставници на институции и туристичкиот сектор, кои ќе разговараат за применливите решенија за поодржливо и поекономично работење во туризмот.