Реклама

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Македонија

Ферати: Да се потсетуваме на минатото, да ја градиме иднината

Ноемвриските празници се многу повеќе од историски датуми во нашиот календар. Тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ноемвриските празници се многу повеќе од историски датуми во нашиот календар. Тие претставуваат темелни моменти од нашиот национален пат, од борбата за јазикот, идентитетот, образованието, културата и слободата, истакнува министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати во денешното соопштение.

Токму во овој контекст сакам да се осврнам на едно прашање што го сметам за суштинско: во нашата историја, образованието било многу повеќе од процес на пренесување знаење. Тоа било инструмент за зачувување на јазикот, градење на свеста и овозможување на општествениот развој.

Во овој историски пат, токму од местото каде што се наоѓаме денес, вреди да се потсетиме и на придонесот на Арбен Џафери за основањето на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, како и на истакнатата личност на Ернест Колиќи, кому му сме благодарни за неговите заслуги во проектот за образованието и воспитувањето на Албанците во Македонија. Исто така, во овој контекст, посебни заслуги имаат и првите вработени во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, кои со голема пожртвуваност го одржаа во живот оваа институција.

Реклама

Во иднина, се надевам дека ќе го видам овој Институт како активен центар на научната мисла, истражувањето, документирањето и промовирањето на нашето наследство. Тој треба да продолжи да поттикнува дебати, да создава идеи, да ги поврзува истражувачите и да гради мостови на соработка со академските институции и универзитетите во земјата и надвор од неа.

Како министер за односи меѓу заедниците, сметам дека е особено важно културата и наследството да се гледаат и како простори за комуникација, меѓусебно запознавање и разбирање меѓу заедниците што живеат во нашата земја. Нашата културна разновидност не треба да се гледа како причина за поделби, туку како богатство и потенцијал за заеднички развој на општеството.

Да ги искористиме овие празници не само за да се потсетиме на она што го направиле генерациите пред нас, туку и за да размислиме за она што ние треба да го направиме денес.

Честити Ноемвриски празници!