Реклама

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Македонија

Штипски „Исар“ се поднови со три нови возила, за 26 месеци набавени се 11 специјализирани возила

Штипското комунално претпријатие „Исар“ деновиве доби три специјализирани возила од Министерството за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипското комунално претпријатие „Исар“ деновиве доби три специјализирани возила од Министерството за транспорт и Владата. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов вели дека станува збор за една цистерна за одржување на јавно-прометните површини и две метларки, наменети за подобрување на јавната хигиена. Со оваа набавка, возниот парк на претпријатието во изминатите 26 месеци е збогатен со вкупно 11 специјализирани возила. Јорданов најави дека во 2027 година Општината планира набавка на уште две возила, специјализирано возило за собирање смет и ровокопач, со што дополнително ќе се подобри работата на претпријатието. 

-Морам да истакнам дека овие специјализирани возила ќе помогнат во функционалноста на јавното претпријатие во спроведување на своите основни дејности. Верувам дека со оваа бројка на нови специјализирани возила и она кое што во изминатите години успеавме да го набавиме, комплетно го сменивме возниот парк на јавното претпријатие, со што значително се подобрува функционалноста и се олеснува во делот на јавната хигиена и сите дејности кои ги обавува јавното претпријатие. Она кое што сакам да го најавам е дека во 2027 година како локална сампорава планираме, заедно со јавното претпријатие да набавиме уште две возила. Едното специјализирано возило за смет, како и уште едно кое ќе помогне во работни активности, одосно ровокопач, кое е неопходно за одвивање на дејноста на јавното претпријатие. Со ова ќе се комплетира потребата на јавното претпријатие во секојдневните функции и работи кои ги има на терен – рече Јорданов.

Директорот на ЈП „Исар“, Александар Арсовски најави дека едната од новите метларки ќе биде наменета исклучиво за одржување на пешачките патеки во новиот парк „Иднина“, кој наскоро треба да биде пуштен во употреба.