Реклама

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Македонија

Кривична пријава и мерки на претпазливост за охриѓанецот кој брутално ја претепа својата девојка

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот К.К. од Охрид, поради постоење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охридската полиција поднесе кривична пријава против 31-годишниот К.К. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Тешка телесна повреда“.

На 15 ноември, околу 2 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско. Откако го запрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала. Таа била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Во 4 часот изутрината, осомничениот бил приведен и задржан во полициска станица. По барање на обвинителството, судот во Охрид му изрекол мерки на претпазливост.

Реклама

Полицијата го привела и го задржала во полициска станица и таткото на девојката, која била жртва на физичко насилство, откако бил пријавен за телефонски закани кон осомничениот за нападот и неговото семејство.

Според информациите, мајката на осомничениот пријавила во полиција дека таткото на нападнатата девојка телефонски му се заканувал на нејзиниот син, но и на останатите членови на семејството.

По пријавата, полициските службеници го привеле 49-годишниот охриѓанец истиот ден, по што бил задржан во полициска станица. Од полицијата најавуваат дека по документирањето на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.