Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Има три големи несреќи Скопје Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДСM

СДСM нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДСM лажеше дека ќе ги изгради, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДСM во изминатите години каде потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје.

СДСM повторно се обидува преку политички прес-конференции да ја замени реалноста со празни обвинувања. СДСM е партијата која со години имаше можност да го развива Скопје, а наместо тоа остави зад себе нефункционален систем.

Реклама

Граѓаните многу добро паметат во каква состојба беше градот по годините на управување на СДСM. Немаше реализирани проекти, Скопје доби блокади, неисполнети ветувања, проблеми во јавните претпријатија и наталожени инфраструктурни проблеми.

Особено лицемерно е СДСM да зборува за транспарентност и јавни набавки, без притоа да даде одговор за сопственото управување и за состојбите што ги остави зад себе. Ако имаат конкретни докази за незаконитости, нека ги достават до надлежните институции, наместо да шират сомнежи преку политички обвинувања.

Денес, кога се преземаат чекори за надминување на наследените проблеми и за реализација на нови проекти, СДС повторно шири само демагогија.

Денес Скопје го менува ликот со капитални инвестиции во сообраќајот, екологијата и јавниот простор.

Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, на преостанатата делница од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, влегува во својата завршница – до крајот на оваа година, а може и пред зададениот рок, 100.000 наши граѓани ќе возат по целосно проширен, модерен и безбеден булевар на чија изградба се чекаше повеќе од 30 години.

Привршува изградбата и на сложената клучка на Момин поток, проект од особено значење за развој на три општини. Забрзано се работи на ставањето во функција на булеварот Македонија, првата подземна сообраќајница во Скопје, улиците што ќе се слеваат кон подземната сообраќајница се прошируваат и се адаптираат за очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, а се продолжува со градежните работи на другите фази од проектот.

Во Карпош, се поврзува улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“ преку новиот мост на реката Вардар, која ќе биде готова до крајот на оваа календарска година. Се расчистува и трасата на булеварот АСНОМ низ населбата Ќерамидница, со цел конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“.

На Скопје му требаат решенија, а не политичко лицемерие од СДСM кои со години имаа можност да работат, а не испорачаа резултати.