Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Божиновска: Наш долг е да го чуваме споменот на оние што се бореа за слободно Скопје

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска преку својот фејсбук-профил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска преку својот фејсбук-профил упати чиститка до граѓаните по повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје.

– На овој ден со почит и благодарност се потсетуваме на сите храбри луѓе што се бореа и ги положија своите животи за слободата на нашиот град. Со особена почит и благодарност се сеќаваме на храброста, пожртвуваноста и историската борба на сите што го положија својот живот за слободата на Скопје, 13 ноември е датум што трајно го одбележува нашиот историски и национален идентитет. Тоа е ден кога се потсетуваме дека слободата не е само изборена вредност, туку и одговорност што ја носиме кон генерациите пред нас и оние што доаѓаат по нас – наведува Божиновска.

Министерката изразува верување дека најдобар начин да им оддадеме почит на оние што ни ја овозможија слободата е да продолжиме да работиме за Скопје во кое идните генерации ќе сакаат да живеат и да ја градат својата иднина.

Реклама

Според неа, Скопје е град со богато историско наследство, кој во текот на својата историја покажал сила, истрајност и способност повторно да се издигне.

– Скопје во текот на историјата поминало низ многу предизвици, но секогаш наоѓало сила повторно да се издигне. Токму во тоа е неговата посебност. Во луѓето, нивната истрајност, солидарност и љубов кон градот. Неговата приказна е приказна за луѓето, за солидарноста, за заедништвото и за вербата во подобра иднина. Наш долг е да го чуваме споменот на оние што се бореа за слободно Скопје, но и со посветена работа, визија и одговорност да придонесуваме за неговиот развој, напредок и подобра иднина – пишува во честитката.