Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Трета година по ред бесплатни ПСА-тестирања за превенција од рак на простата во ЗД „Железничар“

Бесплатни ПСА-тестирања за рано откривање рак на простатата се реализираат во Здравствениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бесплатни ПСА-тестирања за рано откривање рак на простатата се реализираат во Здравствениот дом „Железничар“ во Скопје во рамките на одбележувањето на месецот на машкото здравје – Мовембер. Акцијата се организира трета година по ред, а бесплатни прегледи ќе има и во последните два четвртоци од месецот, во периодот од 12 до 14 часот.

Надлежните информираа дека бесплатното тестирање почнало завчера со граѓани од ранливи категории. 100-ина машки лица биле бесплатно тестирани досега. Се тестираат и од главниот град на државата, но и лица од целата земја.

Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека сè што треба да се направи е едно боцкање на прстот.

Реклама

– Едно боцкање на прстот за рано откривање рак на простатата и да си заштедите многу болнички денови и многу лекарства. ПСА-тестот е единствениот тумор маркер тест, кој е дијагностички, единствениот што може да се користи за рано откривање рак. Сите други тумор маркер тестови се наменети за следење веќе откриен рак. Методата е многу едноставна, не чини многу, дозволете си и дојдете направете  ПСА-тест – истакна тој.

Ракот на простатата, рече министерот, со демографските промени, стареењето на населението, ќе исплива како број еден рак.

 – На пример, во Словенија ракот на простатата е број еден. За неколку години мислам дека и кај нас ќе стане број еден рак, со тоа е здравствен предизвик од поголеми размери. Повторно, направете го овој тест, заштедете си за себе многу болнички денови и третмани – нагласи тој.

На новинарско прашање колку често тој самиот прави ваков тест, колку му е редовноста, со оглед на тоа што и денеска се тестира, тој одговори дека прави редовен систематски преглед на две години.

– Сега треба да зачестам бидејќи сум над 60 години, во основа препораките се разликуваат, во Европската Унија се смета дека тестирање на две години, кога резултатите се добри, е во ред. А кога не се во ред резултатите, треба да појдете кај доктор да се советувате, вклучувајќи и тоа кај уролог да се советувате за понатамошните постапки и дијагностички процедури што треба да ги преземете – одговори тој.

Во земјата, рече, во основа, се прават до 80.000 тестирања на ПСА на сметка на Фондот за здравствено осигурување.

– Проблемот е што тие 80.000 не се соодветно распоредени во однос на групите со ризик. Во основа има доволно тестирања, спрема демографијата на Македонија 58 до 115.000 тестирања, во зависност дали биле на една или на две години, се сосема доволни. Меѓутоа, очигледно е дека имаме групи што почесто одат на контроли, некогаш непотребни, а имаме групи што отсуствуваат од контролните механизми и тоа треба да биде предмет на ревизијата на програмата за рана детекција на рак на простатата – појасни министерот. 

На прашањето од која возраст треба да се почне со првиот преглед, тој одговори, во основа 50 години, доколку нема семејно оптоварување, ако нема други членови на семејството, од 45 години, ако има други.

На новинарската забелешка дека убави се ваквите прегледи, меѓутоа проблемот е со термините на уролог, тој одговори дека уролози нема само во Клиника за урологија и дека уролози има и во Битола, и во Тетово, и во Штип, и во Охрид, и во Струга и во многу други места.

-Не е Скопје единственото место за прегледување, ако збориме за цела Македонија. Доколку збориме само за Скопје, веројатно да, треба поголема достапност надвор од двете главни болници – одговори Клековски. 

Директорот на установата, специјалист доктор Спасе Јанев рече дека превенцијата е највредната инвестиција во здравјето.

-Одговорноста кон себе и кон најблиските започнува со еден едноставен, но, важен чекор – превентивен преглед. Тоа не е ниту слабост, ниту нешто од што треба да се срамиме. Напротив, треба да говориме гласно и отворено на тема превенција – нагласи Јанев.

Тој апелираше да не се чекаат симптомите за да предупредат, туку да се делува навреме.

-Токму затоа организираме ПСА-тестирања кај машката популација над 45 години. Тие треба да знаат дека тоа е важен чекор што треба да го направат – додаде Јанев.

Бесплатното ПСА-тестирање на машката популација се одвива како поддршка на светското движење „Мовембер“.

Акцијата е во организација на јавната здравствена установа заедно со „Проџект хоуп“ (Project Hope), „Ротари ист“ (Rotary east) – Скопје, „Џентлменс кру“ (Gentlemans crew) и „Веспа клаб“ (Vespa club) – Скопје.