Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Еврпа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Вреди: Али Ахмети преку сватот зел кредит од 5 милиони евра од Алта банка во Белград

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Денес пред македонската јавност го презентираме клучниот факт кој директно го поврзува најблиското семејно опкружување на Али Ахмети со контроверзниот српски бизнисмен Давор Мацура и белградската Алта банка.

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, далеку од очите јавноста нивната семејна бизнис-мрежа склучувала милионски договори директно во Белград. Денес, кога сопственикот на Алта банка, Давор Мацура, се наоѓа во притвор во Србија, а Народната банка мораше да воведе привремена администрација за да го заштити македонскиот банкарски систем, трагите на парите водат директно до Зајас и Кичево.

Реклама

Во центарот на оваа операција е кичевската компанија „АС Сењак“, фирма во сопственост на Селаудин Арифи, сват на Али Ахмети, која на јавноста веќе ѝ е добро позната како партнер на внукот Дрин Ахмети во милионското преземање на „Соравија”

На 9 јуни 2025 година, токму во екот на подготовките за влез на српската Алта банка во Македонија, компанија во која косопственик е токму „АС Сењак“ на сватот на Ахмети, добива кредит од 5 милиони евра и тоа директно од централата на Алта банка во Белград.

Јавно го прашуваме Али Ахмети и врвот на ДУИ:

-По која економска логика и за какви заслуги банката на Давор Мацура од Белград ѝ исплаќа 5 милиони евра свеж капитал на фирма директно поврзана со семејството на Ахмети?

-Како е можно банка од Србија, токму во моментот кога бара начин за влез и купување на Стопанска банка Битола во Македонија, да кредитира со милионски суми фирми на сватот на лидерот на партијата, чии кадри – Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби, со години ги контролираа финансиските и државните текови?

-Дали со овие 5 милиони евра кредит исплатени од Белград за семејната мрежа на Ахмети, Давор Мацура всушност си ја платил политичката поддршка и си го купил влезот во македонскиот банкарски систем?

Ова не е обичен бизнис, ова е класична шема на политичко-финансиска корупција. Затоа, денес јавно ги повикуваме Јавното обвинителство и Управата за финансиско разузнавање веднаш да ги отворат меѓународните трансакции од 9 јуни 2025 година и да ги испитаат околностите под кои услови е одобрен овој кредит од Белград, со каков залог е покриен и на чии сметки во Македонија завршиле петте милиони евра од Алта банка?

На Али Ахмети и на ДУИ им порачуваме да не се кријат зад празни политички пароли, бидејќи на следната прес-конференција ќе објавиме што точно се случило само три месеци по легнувањето на овие 5 милиони евра од Белград.