Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Силниот јужен ветер може да предизвика штети кај дуњите, јапонските јаболка и калинките

Силниот ветер од јужен правец најавен за денеска, кој наместа ќе надмине…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силниот ветер од јужен правец најавен за денеска, кој наместа ќе надмине брзина од 80 километри на час, може да предизвика кршење на младите гранки и масовно откорнување и механичко оштетување на плодовите кај дуњите, јапонските јаболка и калинките, а појавата на утринска магла по котлинитево комбинација со натпросечно високите температури, ќе ја зголеми влажноста на лисната маса, што создава идеални услови за развој на габични заболувања (пламеница и пепелница) во градинарското производство, предупредуваат агрометеоролозите од УХМР. 

Топлото време краткотрајно ќе ја забрза есенската вегетација, што е добро за подоцна засеаните пченица и јачмен зашто ќе го интензивира нивното никнување, додека најавеното заладување од сабота ќе го забави пребрзиот есенски пораст и ќе помогне во правилното калење на младите растенија пред презимувањето.

-Влажниот бран што ја зафати земјава, обезбеди оптимална продуктивна влага во површинскиот слој на почвата, што овозможи поволни агроеколошки услови за финализирање на есенската сеидба и почетен вегетативен развој на житните култури. Сепак, претстојниот период носи нагли промени на времето, кои наметнуваат нови предизвици за земјоделците и бараат голема будност. Критичен фактор е најавата за силниот јужен ветер денеска, со брзина која на места ќе надмине 80 километри на час. Овој ветер претставува сериозен ризик за недособраните доцни овошни сорти како дуњите, јапонските јаболка и калинките, каде може да предизвика кршење на млади гранки и масовно откорнување и механичко оштетување на плодовите, објаснуваат агрометеоролозите.  

Реклама

Тие препорачуваат итна берба (интензивирање и целосно собирање на преостанатите доцни овошни плодови, за да се спречат сериозни загуби од силниот ветер), превентивна проверка на стабилноста на потпорните системи (колци и жици) кај младите овошни насади и лози за да ги издржат силните воздушни удари, како и соодветна фитосанитарна заштита.

-Поради високата релативна влажност и високите температури, кај есенските градинарски култури на отворено и во заштитените простори (пластеници) треба да се изврши превентивна заштита од растителни болести, придружена со редовно проветрување на пластениците. Во овој период е неопходно и планирање на активностите за плитка обработка на почвата и есенско садење, односно нивно прилагодување во координација со најавените локални врнежи од сабота, за да се избегне обработка на премногу влажна почва и нејзино несакано набивање, апелираат агрометеоролозите од УХМР.

Во овоштарството и лозарството, очекуваните повремени локални врнежи дополнително ќе помогнат за постепено продирање на влагата кон подлабоките слоеви, што е клучен услов за зимско кондиционирање на повеќегодишните насади.