Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Уставните судови од Балканот во Охрид на конференција за довербата во уставното судство и владеењето на правото

Уставниот суд денеска во Охрид ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Современи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уставниот суд денеска во Охрид ќе биде домаќин на меѓународната конференција „Современи предизвици за владеењето на правото: улогата на уставните судови“, која се одржува во рамките на четвртиот Годишен состанок на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF).

Конференцијата ќе започне со свечено отворање и поздравни обраќања на високи државни и меѓународни претставници. Најавени се обраќањата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот за правда Јетон Шасивари, како и амбасадорот и шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, кој ќе се обрати преку видео врска.

Воведно обраќање ќе има претседателот на Уставниот суд на Австрија, проф. д-р Кристоф Грабенвартер, на тема „Значењето на регионалната соработка меѓу уставните судови“.

Реклама

Во рамките на трите тематски сесии ќе се дискутира за довербата на граѓаните во уставните судови, уставното судство во дигиталната ера и ефективната заштита на уставните права.

На конференцијата ќе учествуваат високи претставници на европски и меѓународни институции, меѓу кои потпретседателката на Венецијанската комисија, Рената Дескоска, членот на Венецијанската комисија, Мартин Кујер, и судијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Садет Јуксел.

Меѓу говорниците се и претседателите на уставните судови на Турција, Бугарија, Црна Гора, Косово и Египет, како и судии и правни експерти од Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија и други земји.

Обраќања ќе имаа и уставните судии Ана Павловска-Данева, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу.

Конференцијата има за цел да овозможи размена на искуства и ставови за актуелните предизвици пред уставните судови, како и унапредување на регионалната и меѓународната соработка во заштитата на уставноста и владеењето на правото.