Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.

Сиљановска-Давкова се обратила на панел-дискусијата „Градење компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, на кој говорела за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан.

Во своето излагање, претседателката истакнала дека Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување оценувајќи дека токму во оваа способност се наоѓа и еден од клучевите на европската конкурентност.

Реклама

Конкурентноста денес, посочила Сиљановска-Давкова, не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето, и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Поврзаноста, нагласила таа, не е само географско прашање, туку економска неопходност, безбедносен императив и политичка одлука.

Говорејќи за Западниот Балкан, претседателката нагласила дека регионот не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опиша како „систем на поврзани садови“, во кој случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот.

Прашањето, според Сиљановска-Давкова, не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал.

– Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните – истакнала претседателката.

Во фокусот на нејзиното излагање била и енергетската безбедност, при што таа оцени дека неодамнешните кризи покажаа оти економската зависност може, во одредени околности, да прерасне во стратешка ранливост. Затоа, енергетската безбедност, според неа, не треба да се сфати само како сигурност на снабдувањето, туку и како диверзификација на изворите и правците, меѓусебна поврзаност на системите, технолошкиот капацитет и способноста за носење суверени одлуки.

Зелената транзиција, истакнала Сиљановска-Давкова, не треба да се поставува како избор меѓу одржливоста и конкурентноста, туку како можност одржливоста да стане извор на технолошки иновации, индустриска обнова и економска отпорност, при што иновацијата добива значење на стратешки капацитет, а не само на економски инструмент.