Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Реконструиран објект на Единицата за интервентна полиција во Ѓорче Петров, инвестиција од осум милиони денари

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Единицата за интервентна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во Полицискиот центар во Ѓорче Петров, каде што беше пуштен во употреба реконструираниот објект, кој подолг период беше надвор од функција поради оштетувања од пожар.

– Со инвестиција од околу осум милиони денари целосно обновивме 488 квадратни метри простор и обезбедивме значително подобри услови за работа на припадниците на единицата – објави Тошковски на својот фејсбук-профил.

Во рамки на посетата, како што информира министерот, имал можност да се запознае и со текот на специјализираната обука на припадниците на униформираната полиција за справување со нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем, како и со новата опрема за јавен ред и мир наменета за специјалните полициски единици, чија набавка е во тек.

Реклама

Објавата може да ја погледнете на следниот линк:

– Полицајците мора да имаат соодветни услови, квалитетна обука и современа опрема за успешно да ја извршуваат својата работа. Вложувањата во полицијата се вложувања во безбедноста на секој граѓанин, а резултатите од нашата работа го потврдуваат тоа – наведува Тошковски.

Тој посочува дека Македонија денес бележи најниска стапка на криминалитет во последните 20 години, а ефикасноста во откривањето на кривичните дела и нивните сторители достигнува 70,3 проценти.

– Овие резултати се дополнителен мотив да продолжиме уште посилно со модернизацијата на полицијата, подобрувањето на работните услови и јакнењето на оперативните капацитети – објави министерот за внатрешни работи.