Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Стојаноски: СДСМ да ја свика надзорната расправа за Алта банка и да не го спречува одржувањето на опозициските прашања

Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ бара претседателката на Комисијата за финансирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ бара претседателката на Комисијата за финансирање и буџет Сања Лукаревска итно и неодложно да свика продолжение на надзорнта расправа за Алта банка. Пратеникот Бојан Стојаноски на денешната прес-конференција во Собранието обвини и дека опозицијата, особено СДСМ, прави се за да го спречи одржувањето на опозициските прашања. 

Стојаноски рече дека СДСМ одбива да свика продолжение на надзорната расправа за Алта банка и дека денеска ги известиле за тоа. 

– По вчерашното фијаско кое самите си го приредија, денеска нè известија дека немаат намера да свикаат продолжение. Ние, како пратеничка група од мнозинството, бараме итно и неодложно, утре да биде свикано продолжението на надзорната расправа, со цел да продолжи испрашувањето на сведоците, за да можеме конечно вистината да ја расветлиме – рече Стојаноски. 

Реклама

На СДСМ, како што кажа, фабрикуваните лаги во јавноста вчера им се распрскаа, и бараат надзорната расправа да продолжи за дополнително да се разјаснат фактите што „исклучително ја прикажуваат вистината“.

– Во текот на денот, една третина од членовите на Комисијата за финансирање и буџет, писмено ќе се обратиме до претседателката Сања Лукаревска, со цел, повторно ќе кажам, итно и неодложно, утре да ја продолжи надзорната расправа, со цел усвојување на заклучоци. Сè друго е бегање од вистината, бидејќи, како што кажав претходно, беа вчера соочени со истата и сите можевте да видите како заврши – рече Стојаноски. 

Опозицијата, особено СДСМ, обвини Стојаноски прави сè што може за да го спречи поставувањето на опозициските пратенички прашања.

– Самите си бараат пауза, заради тоа што не сакаат да прашуваат, бидејќи не е во нивен интерес да се знае вистината. Видовме дека има неколку пратеници пријавени. Сите оние за кои тие сметале дека треба да дојдат и да одговорат на нивните прашања, беа во Собранието. Но, по сè изгледа, по тоа што се случи вчера, не сакаат јавноста да ги знае одговорите за Алта банка, но и за сите други случувања – рече Стојаноски. 

Овие два преседани смета тој се невидени. – Ако нешто започнеме, треба да го завршиме и ние ќе направиме сè како мнозинство. Прво, надзорната расправа да заврши и да се усвојат заклучоци, бидејќи тоа им го должиме на граѓаните. А второ, кога ќе се свика седница за опозициски прашања, тие кои бараат да дојдат оние функционери на кои сметаат дека треба да им ги постават прашањата, треба да дозволат одржување на таква седница – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.