Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

„Завет“ – концерт на Ана и Игор Дурловски со хор и симфониски оркестар на 6 декември во Скопје

„Завет“ е насловот на големиот и жанровски разновиден концерт на нашите оперски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Завет“ е насловот на големиот и жанровски разновиден концерт на нашите оперски ѕвезди со меѓународна кариера – Ана Дурловски (сопран) и Игор Дурловски (бас), кои заедно со хор и симфониски оркестар ќе го одржат на 6 декември во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Ана Дурловски на прес-конференција рече дека концертот ќе има „прилично и необично разновидна програма – од Карл Орф, Пучини, Хендл до „Редиохед“ и Сија, како и македонски песни“.

– На прв поглед ќе се прашате како? Но како уметник и музичар ќе ви кажам дека тоа заедништво на овие жанрови е во нивната чиста емоција и начинот на кој тие ја обработуваат. Се работи за грандиозни мелодии, кои во исто време може да бидат и исклучително интимни – истакна нашата позната сопранистка на прес-конференцијата по повод концертот. 

Реклама

И оваа година аранжманите за композициите се на Сони Петровски, како и за концертот лани во декември, со кој Ана и Игор Дурловски одбележаа 25 години кариера. 

На публиката што следи класична музика, рече таа, многу ѝ се допаднале новиот пристап и аранжманите на Петровски за љубовните македонски песни што беа на програмата минатата година и тоа ги поттикнало да ја развијат програмата за овој концерт, кој го организира „Пасворд продукција“. 

Овој пат програмата ќе биде поинаква и така конципирана, рече Ана Дурловски, што „секој ќе може во таа музика да препознае некое свое сеќавање, миг или средба што му значи, убаво искуство или можеби стара љубов“.

Таа на концертот ги покани да дојдат младите, кои, рече, веројатно слушаат друг тип музика, како и луѓето што се „скептични дека класичната музика може да донесе страст, возбуда и емоции“.

– Силно верувам во тоа дека само квалитетна и искрена изведба може да допре до срцата на публиката и повторно да ги привлече да дојдат. На публиката што нè познава ѝ ветувам дека и со овој концерт ќе ја изгасиме културната жед, а тие што не нè познаваат – нека повелат и сигурна сум дека со оваа програма ќе им ја разбудиме желбата за уште и можеби за една нова љубов кон класичната музика – истакна Дурловски на прес-конференцијата, на која, поради концертни ангажмани во Кина, не присуствуваше Игор Дурловски. 

На сцената со нив на 6 декември ќе бидат и музичарите од камерниот оркестар „Ајга“, кој за оваа пригода ќе биде во проширен состав и ќе настапи како симфониски оркестар под водство на диригентката Ана Спасовска. Гостин на оркестарот ќе биде и младиот пијанист Арда Мустафаоглу. 

За музичарите од „Ајга“, со кои соработуваат подолго време, Ана рече дека се исклучителни, врвни инструменталисти и особено ја радува што оркестарот е составен од голем број млади уметници, а за мешаниот хор што ќе настапи посочи дека го сочинуваат „перспективни вокалисти, кои се иднината на нашата сцена“. Гости солисти на концертот ќе бидат Орхидеја Дуковска и Сашко Костов, со кои, како што рече, имаат неверојатна сличнoст во музичкиот сензибилитет. 

– Така што, со овој полет и младешка енергија и креатива, која е навистина за пофалба и за почит, ве поканувам да бидете дел од концертот на еден поинаков, магичен начин да влеземе во претпразнично расположение – порача Ана Дурловски.

Во однос на амбиентот и очекувањата од спортската сала „Јане Сандански“, таа одговори дека просторот не е соодветен, но дека со уметничкиот дел тоа ќе го надоместат. Се надева дека за нивниот следен концерт ќе има адекватен простор за ваков вид музицирање. 

– Една од најголемите желби е да дочекаме можеби една универзална сала или нешто сосема ново, тоа би можело да биде проект на „Скопје 2028“ ако ништо друго, но тоа не е во моја надлежност. Но, со оглед на тоа дека можностите се вакви, ние сакавме да задоволиме поголем дел од публиката поради тоа што лани видовме дека имаше многу голем интерес. Штета што немаме таква сала во која може тоа да го понудиме, но ние ќе се потрудиме, навистина, со нашиот уметнички дел да надоместиме во тој дел во кој сме во кусок – додаде сопранистката Дурловски.