Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Текбол маси обезбедени за основните училишта во Карпош

Во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ (Партизан) денеска свечено беа доделени десет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ (Партизан) денеска свечено беа доделени десет текбол маси наменети за сите основни училишта во Општина Карпош. 

Промотивниот настан беше во присуство на министерот за спорт Борко Ристовски, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски, како и црногорскиот амбасадор во земјава Зоран Миљаниќ.

– Секое основно училиште во Карпош добива по една текбол маса, а учениците нова можност за спортување, дружење и развивање здрави животни навики. Ја поздравувам оваа иницијатива, затоа што љубовта кон спортот се гради од најмала возраст. Нашата обврска е да им обезбедиме на децата услови да ги откриваат своите таленти и да растат здрави, активни и исполнети – вели во објавата на Фејсбук градоначалникот Ѓорѓиевски.

Реклама

Во рамки на свеченоста, црногорскиот репрезентативец Марко Жарковиќ и Диме Пејчиновски изиграа ревијален натпревар во текбол, преку кој присутните имаа можност да се запознаат со овој атрактивен спорт и неговите специфични правила.

Лукровски ги поздрави присутните и истакна дека воведувањето на оваа иновативна новина во училиштата ќе им овозможи на основците да запознаат нови спортски дисциплини, поразлични од традиционалните, и да ги стекнат дополнителни вештини.

– Ние како Општина во континуитет вложуваме во модернизирање на спортската инфраструктура во Карпош и сме особено горди што нашите ученици ќе имаат можност да научат да играат нови спортски игри, кои ќе го развијат нивниот психомоторен развој, а ќе придонесе и за уште поголема социјализација и тимски дух помеѓу нив. Сакам да упатам посебна благодарност до Теqqball сојузот на Црна Гора, кои дадоа огромна поддршка и придонес во организацијата на овој значаен настан за нашата општина – истакна градоначалникот Лукровски.

Покрај текбол, на настанот се презентираа и спортските игри TegVolley и TeqPong, со што беа преставени различните можности што ги нуди овој вид на спортска активност. На крајот, во знак на пријателството и спортската соработка меѓу Македонија и Црна Гора, симболично беа разменети репрезентативни дресови.