Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Македонија

Минчев од Атина: По новото институционално партнерство со ЕКДДА, следуваат конкретни чекори за соработка

Конкретните чекори за спроведување на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за јавна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конкретните чекори за спроведување на Меморандумот за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција (ЕКДДА), со акцент на обуките, институционалната координација и размената на експертиза, биле во фокусот на средбата на министерот Горан Минчев со раководството на грчката институција во Атина.

Како што соопшти Министерството за јавна администрација, Минчев го посетил Националниот центар за јавна администрација и локална самоуправа на Грција, каде што со претседателот на институцијата, Василиос Ексархос, разговарал за следните чекори во спроведувањето на меморандумот и можностите за продлабочување на институционалната соработка.

– Меморандумот за соработка претставува почеток на конкретни активности, размена на знаења и долгорочно институционално партнерство. Целта е позитивните искуства и докажаните практики да се преточат во применливи решенија, со кои ќе се унапредат системот на обука, професионалните компетенции и квалитетот на јавната администрација, во интерес на граѓаните и поефикасните јавни услуги – стои во соопштението.

Реклама

Во фокусот на разговорите биле директната координација меѓу институциите, размената на експертиза, развојот на програми за обука и пренесувањето успешни практики што би можеле да придонесат за унапредување на професионалните компетенции на административните службеници.

За време на посетата, Ексархос ја претставил организацијата, работата и искуствата на Центарот, по што делегацијата ги разгледала неговите капацитети и инфраструктурата за спроведување обуки и стручно усовршување.

Од Министерството посочуваат дека посетата овозможила непосредно запознавање со грчкиот модел за обука на јавната администрација и размена на искуства значајни за развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници во земјава.