Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Ликовна работилница во Делчево: Креативно дружење и инклузија за корисниците од дневниот центар

Во Делчево се одржа традиционална ликовна работилница, во организација на Центарот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево се одржа традиционална ликовна работилница, во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“, а во соработка со Дневниот центар за лица со посебни потреби.

Настанот обедини млади автори, учесници и корисници од дневниот центар, кои низ сликање, бои и креативност ја покажаа својата уметничка експресија, споделувајќи заеднички мигови на дружење и инклузија.

Според Александар Белогаски, стручен соработник за дејности на месности при Центарот за култура во Делчево, ваквите ликовни работилници претставуваат традиционална активност која се организира секоја година.

Реклама

-Традиционално секоја година организираме ликовна работилница заедно со лицата од Дневниот центар за посебни потреби. Голема благодарност сакам да им укажам на учесниците кои дојдоа да учествуваат – ученици од средното училиште, ликовни критичари, академски сликар, како и децата од Дневниот центар за лица со посебни потреби – истакна Белогаски.

Организаторите најавија дека соработката и сличните инклузивни работилници и дружења ќе продолжат и во иднина, со цел уште поголема поддршка, социјализација и реализација на заеднички креативни проекти 

Изработените ликовни дела по завршувањето на работилницата ќе бидат изложени во просториите на Дневниот центар во Делчево.