Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Бесплатна експертска поддршка од канадски консултанти преку Битов програмата за претприемачи

Македонија2025 објави повик за учество во Битов програмата за претприемачи, наменета за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија2025 објави повик за учество во Битов програмата за претприемачи, наменета за македонски мали и средни компании кои сакаат да добијат бесплатна експертска поддршка, да го унапредат своето работење и да ги искористат можностите за понатамошен раст и развој.

Преку програмата, избраните компании добиваат можност да соработуваат со искусни канадски консултанти кои имаат долгогодишно меѓународно и менаџерско искуство. Консултантите работат директно со компаниите во период од две до четири недели, обезбедувајќи практични препораки и поддршка во области како стратегија за раст, подобрување на бизнис процесите, продажба и маркетинг, развој на нови пазари, финансиско управување и организациски развој.

Програмата е наменета за мали и средни компании кои постојат најмалку три години, имаат македонски сопственик и управител, стабилна финансиска состојба и капацитет да ги применат препораките од консултантите. Компаниите треба да имаат и лице со добро познавање на англиски јазик, кое директно ќе соработува со консултантот. Краен рок за аплицирање е 11 декември 2026 година. Предност ќе имаат компании со извозна ориентација, иновативни производи или услуги и потенцијал за раст.

Реклама

Македонија2025 ги покрива трошоците за ангажманот на консултантите и нивното меѓународно патување до Македонија, додека компаниите учесници обезбедуваат сместување, оброци и локален транспорт, доколку е потребен.

Детални информации за критериумите и начинот на аплицирање на повикот се достапни на следниот ЛИ Н К .

Битов програмата за претприемачи се реализира со поддршка од семејството Битов и во партнерство со Catalyste+, канадска организација со повеќе од 50 години искуство во развој на приватниот сектор.