Проф. др.. Никола Јанкуловски е новиот претседател на Лекарската комора.. Транспарентноста на работењето, нова дигитална Лекарска комора и нејзино етаблирање на домашно и меѓународно ќе бидат во фокусот на неговиот четиригодишен мандат. Јанкуловски ќе се залага и за што поскоро донесување на новите Закони за медицинската фела, како Законот за здравствена заштита кои ќе донесат за нови функционална решенија за доброто и на фелата но и на пацинетите.
–Секако дека ние докторите треба да бидеме поактивни, поупорни и поуспешни и во советодавната улога на комората кон државата. Очекувам во иднина да направиме многу повеќе и со тоа очекувам да придонесеме некако во нашата заедница.“,изјави проф. д-р Јанкуловски.
Јанкуловски очекува и поголема соработка помеѓу сродните инстутуции како на домашно така и на меѓународно ниво но и да се даде можност на младите лекари да учат од повозрасните.
– Поголема активност и во регулацијата на специјализациите, да се пронајдат интересни тему за едукација и еден многу важен сегемнт кој што не го спомнав а тоа да дојде до едно поинтензивно спојување помеѓу лекарите што се постари и со поголемо искуство да можат да го пренесат своето искуство на помладите и на тој начин да бидат формирани генерации ко што ќе бидат спремни за сите предизвици-изјави проф. д-р Јанкуловски.
Инаку изборониот процес беше проследен со низа контроверзи. Процесот се одолговлекуваше со месеци, а под лупа беше и финансиската транспарентност на работењето на претходното раководство. Јанкуловски доаѓа на функција по двата мандата на Калина Гривчева-Старделова чиј мандат заврши уште на 1 јули.

