Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Прилози

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Подигнување готовина, исплата на плати, придонеси и даноци. Едно по едно, се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подигнување готовина, исплата на плати, придонеси и даноци. Едно по едно, се враќаат услугите на Алта Банка АД Битола, која по Битола, Струмица и Тетово, веќе функционира со експозитура и во Скопје. Повеќе граѓани од утрината си ги подигнуваа парите согласно утврденото. Граѓаните се вознемирени, но и задоволни што банката повторно функционира. Си ги подигнуваат парите, но и критикуваат дека паниката што се шири во јавноста им создава страв и нервоза:

Веќе функционираат и електронското банкарство и мобилната апликација. Најдено е решение и за платите и придонесите за фирмите кои во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во банката. Исто така, износот на средствата што може да се користат од платежната сметка на фирмата во „Алта банка“ за исплата на плати може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин, според Народната банка, се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од банката.

„Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „Алта банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа“, велат од Народна банка.

Реклама

Дека состојбата со битолската банка почнува да се нормализира, покажува и тоа што веќе неколку банки и финансиски институции покажуваат сериозен интерес за нејзино купување. Народната банка со дел од нив веќе имала и конкретни разговори.