Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Измените и дополнувањата на Кривичниот законик на Комисијата за политички систем

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за изменување и дополнување на Kривичниот законик, по скратена постапка.

Со предложените измени и дополнувања се очекува да се намалат ризиците поврзани со членството на нашата земја во СЕПА. Во предложениот законски текст се посочува дека целта е да се отстранат слабостите во постојните одредби и постапување во согласност со извештајот од спроведената евалуација на системот за спречување перење пари и финансирање тероризам усвоен од страна на комитетот Moneyval во 2023 за усогласување со препораките на ФАТФ. 

Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот о

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вчера, образложувајќи ги измените, нагласи дека ова е само мала интервенција во Кривичниот законик, а новиот закон на кој се работи денеска ќе биде испратен на мислење до Европската комисија. Побара поддршка од сите пратеници за носење на измените. 

Реклама

– Измените се однесуваат само на една цел, а тоа е да се намалат ризиците поврзани со членството на Македонија во СЕПА, во единствената европска платежна зона, што веќе е остварено пред една година и е многу корисно за македонските стопанственици и за граѓаните бидејќи обезбедува брзо и поекономично тргување со сите земји членки на ЕУ и со земјите членки на Европската економска област. Инаку, препораката за овие измени е дадена уште во мај 2023 година од еспертската група Moneyval за спречување перење пари и финансирање тероризам при Советот на Европа – рече Милошоски.  

Како што рече, со овие измени ќе се зајакнат членовите што се однесуваат на конфискација на имот и на финансирање тероризам, како и членовите што имаат надлежност за делото перење пари.

Во Собранието денеска се закажани и две седници на Законодавно-правната комисија. Пред членовите на оваа комисија се – предлог-законот за ратификација на третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа, предлог-законот за изменување на Законот за надворешните работим во прво читање, предлог-законот за изменување и дополнување на Kривичниот законик, по скратена постапка, барањето за давање автентично толкување на членот 34 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 5/02 и „Службен весник на Македонија“ број 202/24), поднесено од пратениците Халил Снопче, Калтрина Беќири, Аднан Азизи, Салим Сулејмани, Ријад Шаќири и Саранда Имери-Стафаи, предлог-законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Македонија и Советот на министрите на Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Република Албанија и за спроведување заеднички активности за гранична контрола, предлог-законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Македонија и Владата на Државата Катар за заемно укинување на визите за носителите на дипломатски, службени и специјални патни исправи, предлог-законот за ратификација на договорот меѓу владите на Република Македонија и на Република Хрватска за стратешка соработка и предлог-законот за изменување на Законот за извршувањето на буџетот на Република Северна Македонија за 2026 година, по скратена постапка.