Судскиот совет денеска треба да го усвои извештајот со предлог-листа на кандидати за претседател на Управниот суд и да донесе одлука за избор.
На дневен ред на денешната седница, покрај изборот, е и одлучување по изјави на судии за продолжување на судиската функција, како и расправа и одлучување по извештаи за констатирана состојба.
Воедно, Советот треба да го усвои и записникот од 557. седница одржана на 30 септември 2026 година.

