Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Последното рочиште се одржа на 30 октомври кога сведочеше Андреј Крстевски, советник за имплементирање проекти во АД „Државна лотарија“, кој претходно бил член на Управниот и Надзорниот одбор, како и заменик-директор на претпријатието. Тој сведочеше за начинот на донесување одлуки во претпријатието и постапката за набавка на ВЛТ-терминалите.

Одговарајќи на прашања на Обвинителството во врска со набавката на ВЛТ-терминалите, сведокот изјави дека за идејата бил информиран лично од Бајрами и додаде дека за спроведената постапка дознал непосредно по нејзиното завршување од лица што биле членови на комисии задолжени за спроведување на постапките.

Реклама

Во меѓувреме, на 3 ноември Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја укина мерката притвор за Бајрами и прифати гаранција во недвижен имот во вредност од 1.140.781 евро. Покрај гаранцијата, определени му се и мерки на претпазливост, меѓу кои одземање на патната исправа и редовно јавување во судот.

Покрај Груби и Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.

Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.