Лекарската комора денеска ќе одржи изборно-конститутивна седница, на која треба да биде избран нов претседател, но да се формираат и телата, органите и комисиите на Комората.
Со изборот на новото раководство и формирањето на работните тела ќе почне новиот четиригодишен мандат на Комората, која ги претставува и ги штити професионалните интереси на докторите на медицина во државата.

