Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Економија

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Со 67 гласови за, 15 против и ниту еден воздржан Собранието попладнево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со 67 гласови за, 15 против и ниту еден воздржан Собранието попладнево го усвои вториот ребаланс на буџетот за 2026 година.

За збор се јавија само двајца пратеници, Јованка Тренчевска од СДСМ, која го квалификува ребалансот како комплетен фискален пораз, како и Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ, кој ѝ реплицираше напоменувајќи дека Владата е одговорна и се грижи за стопанството и стандардот на граѓаните.

– Носењето втор ребаланс во ноември, само три месеци по усвојувањето на јулскиот, укажува на итна потреба од прераспределување средства пред крајот на фискалната година. Ваквата брзина и паника во прекројувањето на државната каса најчесто се јавува кога политичките калкулации ќе ги надминат редовните економски планирања. Ова е чист фискален пораз на хартија, оцени Тренчевска.

Реклама

Според Здравковски, ребалансот е развоен и одговорен.

– Владата е одговорна, се грижи секој сектор да биде во функција и сите да земаат плати и пензии, потенцира Здравковски, потсетувајќи на намалените акцизи и ДДВ-то, мерки, кои, нагласи, се преземени за да се заштити стандардот на граѓаните.

Со дополнетиот ребаланс на буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско за речиси 5,3 милијарди денари на проекциите за 2026 година. Истовремено на исто ниво е направена надолна корекција на расходната страна односно вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари. При тоа нивото на дефицитот во буџетот останува на ниво од 46,3 милијарди денари.

Дополнетиот предлог-ребаланс пред пратениците го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека приоритет на Владата е да ја зачува економската стабилност и да одговори на предизвиците поради продолжените глобални геополитички случувања. Измените и дополнувањата на буџетот, рече, се во насока на обезбедување стабилност во буџетот до крајот на годината и сигурност за граѓаните и стопанството.

– Државната каса до крајот на годината е стабилна и е обезбедено финансирање на сите обврски – плати, пензии, исплата на социјални надоместоци, обврски кон стопанството, како и отплатата на долгови кои доспеваат. Тоа е суштината на одговорното управување со јавните финансии – да се реагира навреме кога околностите го бараат тоа, да се заштитат граѓаните и економијата и, пред сè, да се гарантира дека државата ги исполнува своите обврски, напомена министерката.

На расходната страна надолната проекција се должи на намалување на расходите за  стоки и услуги и субвенциите, а во насока на дисциплинирано трошење и обезбедување дополнителни средства за најранливите категории граѓани и здравствени услуги. 

Со ребалансот се обезбедени дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари за социјални надоместоци и дополнителни 887 милиони денари за здравствена заштита. За Министерството за социјална политика, демографија и млади се обезбедуваат дополнителни 1,8 милијарди денари за ранливи категории, социјална помош, народни кујни и социјални услуги. Исто така, дополнителни 600 милиони денари за редовна и навремена исплата на породилните надоместоци.

Капиталните расходи се проектирни на 40,1 милијарди денари со кои се продолжува со вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Исто така, продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво.