Реклама

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека инфлацијата во еврозоната достигна 4 отсто, во Македонија изнесува 3,3 проценти, СДСM повторно шири паника и манипулира со граѓаните

СДСM продолжува со својата добро позната политика на црни сценарија, политички манипулации…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM продолжува со својата добро позната политика на црни сценарија, политички манипулации и обиди за ширење паника кај граѓаните. Колку тоа и да не и се допаѓа на СДСM, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е  една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година.

Фактите и официјалните статистички податоци покажуваат дека годишната инфлација во Македонија во октомври 2026 година изнесува 3,3 проценти, додека според прелиминарната проценка на Евростат, инфлацијата во еврозоната достигна 4 проценти.

Реклама

Тоа значи дека инфлацијата во Македонија е пониска од онаа во еврозоната во време на сериозни геополитички предизвици.

Наместо СДСM да ги извртуваат бројките и да шират политички конструкции, од СДСM треба да одговорат, како за време на нивното владеење се справуваа со економските предизвици и зошто граѓаните со години се соочуваа со намалување на куповната моќ.

Во време на владеењето на СДСM и ДУИ инфлацијата беше двоцифрена а единствена грижа на СДСM, Заев и Филипче им беше како да договорат тендер плус, процент плус за сега да можат да се луксузираат по Егејот и да градат висококатници во Дубаи.

СДСM и ДУИ потрошија милионски буџети, а не направија ништо, СДСM и ДУИ го осироимашија народот и ја испразнија државната каса.

Владата е свесна дека растот на цените останува сериозен предизвик за секое семејство. Затоа, приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е економскиот раст, повисоките плати, отворањето нови работни места и мерките за заштита на животниот стандард. 

Граѓаните заслужуваат реални решенија, а не политички памфлети и секојдневно ширење страв од страна на СДСM.

Граѓаните имаат потреба од конкретни економски резултати, на кои работи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а не од политички манипулации и црни сценарија на СДСM.