Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

„Бои и вино“ – ликовно ќоше каде секој може да биде уметник

Во населбата Ѓорче Петров вчера беше отворено новото ликовно ќоше „Бои и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во населбата Ѓорче Петров вчера беше отворено новото ликовно ќоше „Бои и вино“, наменето за сите возрасни групи, љубители на уметноста и креативното изразување.

Учесниците имаа можност да ја разбудат својата креативност и да сликаат на платно, инспирирани од темата „Алиса во земјата на чудата“. Најмладите, пак, заедно со логопетката Јулијана Секулоска, спец. клинички логопед во логотеката „Пеперутка“, преку боење дрвени лалиња и картонски цвеќиња, имаа можност да ја изразат својата фантазија и да создаваат мали уметнички дела.

На прашањето какви придобивки имаат децата од ликовната уметност и креативност, особено оние со тешкотии во говорот, Секулоска одговори дека креативните, ликовните, говорните и сензорно моторните работилници со логопед имаат значајна улога во развојот на детето.

Реклама

-Преку игра, уметност, движење и комуникација, децата го развиваат говорот, јазикот, мислењето, емоционалните и социјалните вештини. Креативност што поттикнува говор, мислење и растење. Преку ликовни, говорни, музички и игровни активности, тие го збогатуваат речникот и го развиваат говорот, го подобруваат вниманието, концентрацијата и мислењето. Исто така, ја развиваат фината моторика и графоираат, раскажуваат и соработуваат. Меѓу другото, ја јакнат самодовербата и емоционалното изразување, како и ја откриваат својата креативност преку игра и забава. Со логопед, секоја игра станува можност за учење, а секоја креативна активност е чекор кон послободно и посигурно изразување, објасни Секулоска.

Присутните не го криеја одушевувањето од богатството на бои, разновидноста на сликите, изработките и пријатната атмосфера, истакнувајќи дека ваквите дружби се одлична можност за опуштање, дружење и откривање на сопствените таленти.

Основачка на ликовното ќоше „Бои и вино“ е Сузана Недевска која, покрај љубовта кон уметноста, е и сопственичка и професорка по италијански и кинески јазик во училиштето „Ни Хао“, како и на „Хелти Велти“ – Бистро.

Дали е потребен посебен талент или претходно искуство за да се биде дел од оваа ликовна и креативна приказна, Недевска вели „апсолутно, не!“ „Paint and Wine“, односно платно и вино концептот и настаните се наменети токму за почетници и луѓе кои можеби првпат во животот земаат четка в рака. Концептот е целосно осмислен да го сруши митот дека сликарството е само за професионалци.

Зошто талентот и искуството воопшто не се важни

Фокусот е на забавата, а не на перфекцијата. Целта не е да се создаде ремек дело, туку да се помине опуштено и креативно квалитетно време со добро дружење. На настаните секогаш ќе присуствува искусен ликовен уметник или инструктор кој чекор по чекор ќе ви покажува како да ја нанесете бојата, како да ги мешате нијансите и како да го создадете платното.

-Сè што ќе ви е потребно, ќе го имате пред вас, од платна и четки, до бои (најчесто акрилни, кои брзо се сушат и се лесни за корекција) и, се разбира, чаша добро вино кое ја отстранува тремата, се пошегува таа.

Што всушност добивате од ова искуство?

-Заборавете на техничките правила и правилата на цртањето. „Бои и вино“ ви нуди сосема други придобивки, рече Недевска, истакнувајќи дека спојувањето на креативноста и виното докажано го намалува нивото на стрес и ги „полни батериите“. Тука е и личниот израз без притисок. Нема „грешни“ потези со четката; секоја грешка лесно се поправа или се претвора во уникатен детаљ.

Социјализација и нови познанства

Настанот нуди одлична можност за дружење со пријателите, пријатен разговор, добра музика или, пак, како рехабилитација или запознавање нови луѓе со слични интереси во опуштена атмосфера. На крајот од вечерта, дома си заминувате со сопствено уметничко дело кое гордо може да го закачите на ѕид.

Ако се двоумите затоа што не знаете да цртате, тоа е токму најдобрата причина да дојдете.

– Концептот постои за да ја разбуди таа заборавена детска радост во вас и да ви покаже дека секој може да создаде убавина кога се чувствува слободно, заклучи Недевска.

Во пакетот за учество се вклучени сите потребни материјали за сликање, вино и мезе за возрасните, додека за најмладите се обезбедени сокче и грицки.

Цената за учество е 1.000 денари, додека пакетот за мајка со дете е 1.200 денари. Креативната работилница наменета за најмладите се реализира по цена од 300 денари.

Прашана кои се идните планови на „Бои и вино“, Недевска вели „нашата ликовна авантура штотуку започна.

-Уште многу настани се пред нас. Меѓу плановите се и кулинарските работилници за божиќните и новогодишните празници, со подготовка на колачи од кинеската кујна, кои ќе се одржат во декември, подготвени од „Хелти Велти“, заклучи таа.