Филипче и партнерите од СДСM треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата, стои во партиското соопштение од денешната прес-конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија.
Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави да ги пренесат во Македонија, нешто што не им успева, бидејќи граѓаните ја препознаваат стабилноста во државата.
Зошто Филипче и СДСM се толку гласни за Алта банка? Чека ли спремен бизнисмен близок до Заев за багателна цена да ја откупи банката? Инаку, зошто би сакале СДСM да пропадне некоја банка, по стилот на Еуростандард?
Го повикуваме ЈО да постапи по допрен глас и да ги повика на информативен разговор сите оние коишто пробуваат да го урнисаат уставниот поредок на државата.

