Голем мотив за Владата е нотираниот напредок во Ивештајот на Европската Комисија. Особено позитивните високи оценки во образованието и дигиталната трансформација за кои од владата велат дека ќе продолжат да работат со уште посилно темпо . Минисерката за образование Весна Јаневска е задоволна од извештајот во делот на нејзиниот ресор за што вели дека е дополнителен поттик да работи на своето ветување дека ќе го спречи слободниот пад на образованието и науката. Во прваецна нејзините заложби е најавеното носење на Законот за возрасни и дуалното образование. Министерката посочи и на сериозен ангажман за спроведување на стратегијата 2026-2032.
– Она што е многу важно и треба да го направиме во следниот период јас би го потенцирала исто како и министерот Муцунски дека за нашата земја ќе биде многу важно да се донесат трите закони за високо образование за научно истражувачки работи но и за квалитет во високото образование. Тој ќе ни помогне при акредитацијата она што е забелешка да им помогнеме на факултетите и унивезитетите да направат соодветни измени во студентските програми, законот и го предвидува новиот модел за да навлеземе во современото општество– истакна Јаневска.
Особено голем напредок е забележан во дигаталната трансформција. Европската комисија забележа конкретни резултати во усоглсување на законодавството се европското, проширувањето на бројот на електронските услуги, зајакнувањето на интероперабилноста и сајбербезбедноста.
Европската комисија во својот извечтај препознава позитивни достигнувања и во однос на правосудтсвото пред се, напредокот во унапредувањето на законската и институционалната рамка во согласност со европските стандарди. Но сепак останува да се донесат клучните документи – Законот за судии и јавни оввинители и Кривичниот законик.
Тонски- Ален Деребан –заменик министер за правда
–Задолжително сите одлуки на Судскиот совет во иднина мора да бидат аргументирани и образложени и е предвидена постепеност на постапката односно обезбедена е судска правна заштита на странките во тие постапки. Ова законско решение во значителна мера ја зголемува независноста на судската власт но истовремено ја оневозможува односно ја исклучува можноста од надворешни влијанија што ќе се види во периодот кој што претстои во практичната примена на ова зајконско решение. Истото ова се однесува и на Зконот за судии и јавни обвинители во кој исто така беа имплементирани дел од препораките од оценската мисија кои што се однесуваат на Судскиот Совет–истакна заменик министерот Деребан.
Последниот извештај на Брисел беше оценет од страна на Владата како подобар од минатогодишниот, што е силно охрабрување, за продолжување на во спроведувањето на реформите и исполнувањето на европските критериуми.

