Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Прилози

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Граѓаните си ги подигнуваат парите на шалтер во Битола, додека власта се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните си ги подигнуваат парите на шалтер во Битола, додека власта се бори за брз спас на банката. Премиерот Мицкоски обелодени дека веќе имало закажани средби со повеќе финансиски институции заинтересирани за купување на акциите на српската Алта банка во битолската. Активностите за ова вели допрва ќе се интензивирале. Според него, додека власта се обидува да најде купувач за Алта банка Битола, опозицијата се радува на црни сценарија. Вака тој реагира на обвинувањата од опозицијата дека двете сценарија за иднината на Алта банка Битола, едното за наоѓање купувач, а другото за прогласување стечај се неодржливи и не нудат решенија за граѓаните и заштита на народните пари.

Премиерот Мицкоски уште еднаш ги повика граѓаните да не веруваат во оние кои зборуваат невистини и шират паника за банкарскиот сектор. Вели проблемот со Алта банка Битола е увезен од Србија и нема никаква врска со нивното работење. Уште еднаш потенцираше дека многу поголем проблем е банкротот или проблемите во функционирањето на фирмите од Србија кои се деловни партнери на македонските компании.

Народната банка продолжува со активностите согласно Законот за банки. По одземањето на гласачките права на акциите, стечајниот управник има краток рок да ги продаде акциите, а ако тоа не го направи, процедурата ја презема Народната банка, по што следи јавна понуда на акциите на Македонска берза. Откако гувернерот Славески пред неколку дена рече дека најмалку 4 до 5 банки се заинтересирани за купување на уделот на Алта банка Белград во Алта банка Битола, во јавноста како најсериозни кружат имињата на една банка од топ 3 во Македонија и една во сопственост на странски инвеститор. Финансиската кондиција на банката е солидна. Вкупната актива изнесува 183 милиони евра, а капиталот и резервите 32 милиони евра.