Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Економија

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Извозот продолжува да расте со забрзано темпо – Македонија бележи напредок од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Извозот продолжува да расте со забрзано темпо – Македонија бележи напредок од скоро 11%. Според најновите податоци објавени од државниот завод за статистика, во првите 9 месеци од 2026 година извозот на стоки достигнал вредност од 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,83% во споредба со истиот период лани, со што ја надминува стапката на раст на увозот за скоро 3 проценти. Најголемо учество во трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека и понатаму најмногу се извезувани производи од технолошкиот сектор, односно: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. За премиерот Мицкоски овој континуиран напредок е јасен показател за позитивната економска насока на државата и покрај притисоците од светската економска криза.

„Во септември месец извозот расте со стапка од 22, 23% во евра а увозот се зголемува со стапка 8, 9 проценти во евра во услови кога имаме историски најголема енергетска криза ги знаеме цените на нафтените деривати. Значи многу побргу растеме како извоз отколку како увоз и ако се направи анализа на третиот квартал од оваа година ќе дојдеме до заклучок дека овој ртрет квартал од оваа година за 85 86 милиони евра е помала разликата меѓу увозот и извозот споредено со истиот квартал од претходната година“, изјави Христијан Мицкоски, премиер

Како најзастапен трговски партнер останува Германија а позади неа се наоѓаат Велика Британија, Грција, Кина и Србија. Овие пет земји имаат учество од 49,7 отсто додека земјите членки на Европската Унија се со удел од 58,8 отсто. Од земјите на ЕУ извозот за повеќе од дупло се зголемил кон Полска, додека кон Грција се зголемил за 33,7%. Извозот во споредба со претходната анализа од јануари до август скокнал за 2% во еден месец.