Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Македонија

Судијката Татјана Васиќ-Бозаџиева на меѓународна конференција во Батуми

Судијката на Уставниот суд м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, имаше свое обраќање на меѓународната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судијката на Уставниот суд м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, имаше свое обраќање на меѓународната конференција во Батуми, по повод 30 годишнината од основањето на Уставниот суд на Грузија. Централната тема на конференцијата е „Улогата на уставносудската контрола во државата заснована на владеење на правото“, се наведува во соопштението од Уставниот суд. 

Васиќ-Бозаџиева се обрати на првата сесија посветена на темата „Уставниот поредок и основните човекови права”,на која свое обраќање имаа судии од Eвропскиот суд за човекови права(ЕСЧП), судии од уставните судови на Полска, Белгија, Бугарија. 

Судијата Васиќ-Бозаџиева во своето излагање на темата „Од негативен законодавец до позитивно нормативно влијание: границите на уставносудскиот активизам“ го отвори прашањето дали современите уставни судови сè уште се само „негативни законодавци“ или нивната улога сè повеќе се проширува кон активно обликување на правото.

Реклама

Васиќ-Бозаџиева посочува дека современото уставно судство не го напушта Келзеновиот модел на негативен законодавец, туку го надминува неговото тесно, формално разбирање. 

„Уставниот суд и понатаму ја врши функцијата на отстранување на противуставните норми, но неговото дејствување има и позитивна нормативна димензија. Таа се изразува преку правните ефекти на неговите одлуки, примената на различни техники на одлучување и, во определени случаи, создавањето привремени општи правни правила. Одделно од тоа, преку развојното толкување на Уставот, Судот ја конкретизира и ја обликува содржината на уставните принципи и човековите права. Оваа втора улога не треба да се поистоветува со позитивното законодавство, туку да се анализира како творечка функција во развојот на уставното право. Особено значајна е творечката и развојната димензија на толкувањето на Уставот, преку која уставниот суд создава и развива уставноправни принципи и правила, поради што неговата улога во тој контекст може да се разбере како улога на творец на уставното право, а не како позитивен законодавец, истакна судијката. 

Во заклучните согледувања, судијата Васиќ-Бозаџиева укажува дека легитимноста на позитивното нормативно влијание зависи од уставната основа, природата на повредата, неопходноста и пропорционалноста на интервенцијата, како и од зачувувањето на реалниот простор на законодавецот за вршење на неговата уставна надлежност.

„Позитивното нормативно влијание не е неограничено. Неговата легитимност зависи од уставната основа, природата на повредата, неопходноста и пропорционалноста на интервенцијата, времетраењето на привременото решение и, особено, од тоа дали на законодавецот му останува реален простор за вршење на неговата уставна надлежност. Затоа, суштинското прашање денес не е дали уставните судови треба да бидат активни. Прашањето е како да бидат доволно активни за да обезбедат ефективна заштита на Уставот, а истовремено доволно воздржани за да не ја нарушат уставната рамнотежа на власта. Уставниот суд не смее да биде нем набљудувач на неуставноста, но не смее ниту да стане замена за законодавецот. Неговата вистинска сила е во тоа да го обезбеди Уставот како највисок правен акт, вклучително и тогаш кога тоа бара развојно толкување и иновативни техники на одлучување, но секогаш во границите на сопствените уставни овластувања, Уставниот суд не смее да биде нем набљудувач на неуставноста, но не смее ниту да стане замена за законодавецот изјави Васиќ-Бозаџиева заклучувајќи го своето обраќање. 

На меѓународната конференција која се одржува од 4 до 6 ноември во Батуми, Грузија, учествуваат претседатели и судии на уставни судови од повеќе европски и азиски држави, како и претставници на Европскиот суд за човекови права. Програмата опфаќа две тематски сесии посветени на уставниот поредок и основните човекови права, како и на историскиот развој на уставносудската контрола.