Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање  

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе бидат ослободени од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Младите до 40 години ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање комуналии. Со многу мерки, како и на Владата, така и на Град Скопје, овој период се овозможија многу можности за младите. За оваа година, како јаготка на шлагот, во оваа година од новиот мандат на ова раководство, ја поздравувам оваа одлука и препорачувам едногласно да ја донесеме во Советот на Град Скопје“, рече советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Марковска Илиевска. 

„Со оваа одлука се врши ослободување од плаќање на комуналии на млади брачни парови и самохрани родители до 40 години, за една станбена единица, односно куќа до 120 метри кавдратни. Апликантите треба да имаат потврда од Катастар дека немаат имот за живеење. Ова е една од мерките со којашто градот Скопје директно им помага на младите брачни парови и самохраните родители за решавање на станбеното прашање“, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Кукески.