Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Муцунски: Северна Рајна-Вестфалија е еден од нашите значајни политички и економски партнери во Германија

Северна Рајна-Вестфалија е еден од нашите значајни политички и економски партнери во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Северна Рајна-Вестфалија е еден од нашите значајни политички и економски партнери во Германија. Бројни компании од покраината веќе инвестираат во нашата држава, а целта е добрите односи да ги претвораме во нови економски можности и конкретни проекти. Ова го истакнува министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во објава на Фејсбук, по средбата на македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, со премиерот на покраината Хендрик Вуст.

-Во рамките на работната посета на Северна Рајна-Вестфалија, заедно со делегацијата предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски остваривме средба со премиерот на покраината, Хендрик Вуст. Во фокусот беа политичкиот и економскиот дијалог, институционалната соработка, инвестициите, технолошкото поврзување и продлабочувањето на врските меѓу компаниите и институциите – наведува Муцунски.

Тој нагласува дека посебно значење има и бројната македонска дијаспора, како важен мост меѓу двете општества и дополнителен потенцијал за економско и општествено поврзување.

Реклама

-Разговорите се надоврзуваат на интензивираниот дијалог од претходниот период и на Заедничката декларација за намери за соработка 2026–2030, потпишана при мојата претходна посета на Диселдорф – додава Муцунски во објавата на Фејсбук.