Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Сиљановска-Давкова во Брисел: Очекуваме еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во ЕУ

Македонија очекува еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија очекува еднаков третман со другите земји кандидатки за членство во Европската Унија, заснован врз примена на исти правила и стандарди – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која денеска во Брисел учествуваше на самитот за проширувањето на ЕУ во организација на „Евроњуз“ (Euronews).

Во објава на нејзиниот фејсбук-профил, Сиљановска-Давкова посочува дека на самитот нагласила оти е потребен суштински дијалог меѓу Европската Унија и земјите кандидатки, во кој двете страни ќе имаат можност да ги изнесат своите аргументи.

Во однос на реформите, претседателката оценила дека постојат капацитети за напредок во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата, но нагласила дека нивното спроведување бара внатрешна политичка волја, како и поттик од Европската Унија.

Реклама

На самитот учествуваат високи европски и регионални политички претставници, а во фокусот се процесот на проширување на ЕУ, европската интеграција на земјите кандидатки, регионалната соработка и предизвиците со кои се соочува Унијата во однос на приемот на нови членки.

Во рамките на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, генералот Алексус Грегори Гринкевич, во Врховниот штаб на сојузничките сили во Европа (SHAPE) во Монс. Предвидени се средби и со претставници на европските институции.