Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Жителите на Пробиштип на форумски средби одлучуваа за приоретните проекти за 2027 година

Во општина Пробиштип денеска се одржа последната, завршна форумска сесија, на која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во општина Пробиштип денеска се одржа последната, завршна форумска сесија, на која беа презентирани предлозите од граѓаните кои се прифатени и ќе бидат вклучени во годишните програми и буџетот за 2027 година. Во соопштението од општина Пробиштип се вели дека по повеќегодишна пауза, повторно од Општината го отворија процесот на директно учество на граѓаните во креирањето на општинските политики и утврдувањето на приоритетите за работа. 

-Согласно предлозите и идеите, најмногу барања беа искажани во областа на комуналната инфраструктура, но беа доставени и голем број на предлози од останатите области, како локалниот економски развој, образованието, културата, спортот, социјалната заштита – соопштуваат од општина Пробиштип.

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека на денешната форумска сесија, преку ваков пристап, преку отворен дијалог и размена на идеи, можат заеднички да се препознаат реалните потреби и да се донесуваат одлуки во интерес на сите граѓани.

Реклама

Општината упатува и голема благодарност до сите граѓани кои зедоа активно учество на форумските средби, ги споделија своите идеи и дадоа конкретни предлози.