Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала, кој ја предводеше меѓународната експедиција во подводната пештера Врело во кањонот Матка, е предложен за почесен граѓанин на Град Скопје. Предлогот го поднел градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, како признание за неговиот придонес во истражувањето и меѓународната промоција на природното богатство на Скопје.
Питала, заедно со меѓународен тим спелеонуркачи и со поддршка на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на 17 октомври достигна истражена длабочина од 338 метри, со што подводната пештера Врело стана најдлабоко истражена подводна пештера во светот.

Експедицијата „Врело 2026“ се одржа од 10 до 17 октомври 2026 година, а во неа учествувале 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија. Со новото достигнување, пештерата е истражена 51 метар подлабоко од претходниот рекорд од 287 метри, поставувајќи три светски рекорди и заземајќи го првото место на светската листа пред пештерите Фонт Естрамар во Франција и Елефанте Бјанко во Италија.
Рекордите се постигнати во три категории: најдлабоко истражена пештера од човек, најдлабоко нуркање во пештера и најдлабоко длабинско нуркање на отворени води.
Во образложението на предлогот за почесно граѓанство се наведува дека подвигот на Питала има историско значење за истражувањето на подводниот свет на Врело, како и за меѓународната афирмација на Скопје и неговото природно наследство.
Од Град Скопје посочуваат дека достигнувањето отвора нови можности за истражување на хидролошките и другите карактеристики на пештерата, но и придонесува за нејзина поголема туристичка промоција.
Предлогот за прогласување на Бартоломиеј Питала за почесен граѓанин на Скопје треба да биде ставен на гласање пред советниците на седницата на Советот на Град Скопје, закажана за четврток.ка во зависност од неговите нови должности – додаваат од Собранието.

