Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Македонија

Алијанса за Албанците: Заштедите на граѓаните не смеат да бидат доведени во ризик

Последните случувања со Алта банка во Битола нè потсетуваат на горчливите искуства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последните случувања со Алта банка во Битола нè потсетуваат на горчливите искуства од минатото. Граѓаните не го заборавиле скандалот со штедилницата ТАТ во 1997 година, ниту пропаѓањето на Еуростандард банка во 2020 година. Во двата случаи, последиците ги почувствуваа луѓето кои со години работеле и штеделе – се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Денес, повторно имаме граѓани кои се загрижени за своите заштеди. Неприфатливо е еден пензионер или едно семејство да биде ограничено на повлекување само 10.000 денари неделно, кога тие пари можеби им се потребни за лекување или за други итни потреби.

Иако ситуацијата со Алта банка се разликува од претходните случаи, искуството со ТАТ и Еуростандард банка требаше да нè научи дека последиците од погрешните финансиски одлуки не смеат да ги плаќаат граѓаните.

Реклама

Народната банка мора да објасни како било одобрено преземањето на банката, какви контроли биле спроведени и кога се очекува да бидат укинати ограничувањата.

Алијансата за Албанците бара итни мерки за заштита на штедачите и решение за граѓаните на кои итно им се потребни нивните средства.

Никој не смее да биде доведен во ситуација да ја моли банката за да си ги подигне сопствените пари.