Реклама

Повеќе инвестиции, за посилен развој на македонската економија, Владината делегација продолжи со посетата на Германија

Мапата на нови градинки се проширува – пуштена во употреба „Ѕвездички“ во општина Кисела Вода

За пари им менувал оценки на студенти од Турција – осомничен раководител на ИТ-секторот во Штипскиот универзитет

По наследениот хаос, АД Железници – транспорт се враќа во живот

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Платите на вработените во одбраната се зголемуваат за 10%

Поголема исплата за пензионерите, решение за примателите на социјална помош – решение за предизвикот со „Алта банка“

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Tоп

Двајца вештаци во случајот Ристов не се појавија во судница

Листа на правници, бројни вештаци, извештаи по 100-тина страници – одбраната на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Листа на правници, бројни вештаци, извештаи по 100-тина страници – одбраната на обвинетиот судија Ѓоко Ристов бара дупки во обвинението за да го разводни судскиот процес. Двајца од вештаците не се појавија на денешното рочиште, а одбраната пред судот достави повеќе правни мислења и толкувања.

Судијката остро реагираше на отсуството на вештаците кои досега биле редовни на повеќето рочишта, а сега кога треба да сведочат ги нема.

Првиот кој треба да објаснува за ДНК трагите бил болен, додека вториот до крај не го изготвил финансиското вештачење на 90 страни за начинот на кои Ристови заработиле 975 илјади евра за шест години.

Реклама

Одбраната изведе и правно мислење од професорот Гордан Калајџиев со кое тврдат дека апелацискиот судија не треба да одговара за кривичното дело „противправно стекнување и прикривање имот“.

  • „Би било несериозно да биде од ФБ статус. Тоа е правно мислење и делот е прочитан за да го чуете по однос на правната квалификација онака како што почна предметот па некако се подзаборави во текот на постапката каде што одбраната тврди дека судија не може да биде опфатен со законско битие на ова кривично дело. Бидејќи истото се однесува на службено или овластено лице, во јавно претпријатие, јавна установа или правно лице кое располага со државен капитал. Ништо од тоа не е судот“ рече адвокатот Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ристов.

Обвинителката Искра Хаџи Василева, која од пред една недела е избрана да го води најмоќното обвинителство, тоа за организиран криминал и корупција, не се октажува од случајот против Ристов. На денешното рочиште таа остро реагираше што ваквите правни мислења се изведуваат како докази под плаштот на некаков академски авторитет, а всушност само го симнуваат нивото на правна култура.

  • „Денес беа презентитани материјални докази, меѓу кои правни мислење и јазични толкувања кои ги даваат професори под плаштот на некаков акдемски авторитет. Модерно стана, ќе си дозволам, да се даваат на некои судења, но во суштина тоа го симнува нивото на правната култура кај нас бидејќи земено правно и професионално тие немаат никаква тежина и значење. Судот го врзуваат фактите и доказите изведени на рочиште. Правните мислење дадени како нечиј авторитет навистина не го врзуваат судот и навистина е несериозно да се воопштот користат овој тип на докази кои во суштина не се докази и не може да бидат докази“рече Хаџи Василева.

Судот заклучи и дека одбраната не ги обезбеди како сведоци двајца лекари и Љупчо Пецов Ѓаволот за чиј предмет требало да издејствува Ристов кај апелациските судии. Откако ќе бидат испитани вештаците, пред судот исказ ќе дава обвинетиот, по што ќе следуваат завршни зборови и пресуда.